Во очи на историскиот референдум, во Турција премиера на Reis – филмот за Ердоган


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Непосредно пред историскиот референдум кој во Турција ќе биде одржан во април, а на кој граѓаните ќе треба да се одлучат дали се за или против воведување на претседателски систем во нивната земја, ќе биде прикажан биографскиот филм за Реџеп Тајип Ердоган, под наслов Reis.

Премиерата на Reis ќе биде одржана на 3 март, 2017 година. Тоа ќе биде прва екранизирана биографија на Ердоган кој веќе ја започна кампањата за претстојниот референдум. Филмот чинеше вкупно 8 милиони долари, што е значаен буџет дури и за турската филмска индустрија која бележи силна експанзија. Продукцијата е потпишана од новооснованата продукциска куќа Kafkasor Film Academy, на кои овој практично ќе им биде прв филм.

Угледниот турски новинар и колумнист, Мустафа Акјол, за Ал-Монитор, наведува дека филмот многу повеќе е политичка пропаганда отколку класична биографска драма.

Продуцентите веќе најавуваат снимање и на две продолженија, Reis 1 и 2, а Акјол потсетува дека култот кон Ердоган се гради на сличен начин како и култот кон Ататурк.