Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во очај и разочараност, откако стана јасно дека ја загубија војната со Азербејџан во Нагорно Карабах, Ерменците од овој регион реагираат: „Останавме сами. Сите не напуштија. Предавство. Капитулација. Ова е национална катастрофа од најголеми размери, како геноцидот што го претрпевме на почетокот на 20 век во Турција. Најголемата катастрофа од распадот на СССР и стекнувањето независност. Најголемото предавство во нашата историја“.
Со воено-политичка помош на Турција, Азербејџан ја врати или, како што велат, ја ослободи окупираната територија. Во војната што траеше 44 дена, според некои извештаи, биле убиени скоро пет илјади Ерменци, иако официјалните податоци велат дека загинале околу две и пол илјади.
Ерменија е во целосен политички хаос и превирања и Русија ги спаси од воен колапс со мировен договор.
Сепак, дел од територијата на Карабах остана под контрола на ерменските сили и беше обезбеден коридор до енклавата опколен од сите страни со азербејџанската армија.
Засега е непознато со што ќе се случи со таа територија. Бегалците не сакаат да се вратат таму, иако властите во Ереван се обидуваат да ги убедат да го сторат тоа. До почетокот на декември, Ерменците мора да вратат три региони во Азербејџан – Лачин, Келбарџан и Агдам.
Во овие области владее целосно беззаконие. Ерменците ги напуштаат своите куќи и ги палат, уништувајќи сè за да не им остане ништо на Азербејџанците. Горат цели населени места.
Земјата останува изгорена, а Азербејџанците ќе најдат само пожари, уништени патишта и уништена инфраструктура.
„Не сакаме Азербејџанците да живеат во нашата татковина. Нека сами ја градат“, вели еден жител на селото Чаректар додека неговите роднини носат куфери и остатоци од мебел во камионот зад него, пишува „Јутарњи лист“.
Во Ерменија, некои тврдат дека многу нивни споменици и цркви ќе бидат уништени кога Азербејџанците ќе влезат во тие области и дека нема да има ни трага од Ерменците што некогаш живеат таму.