Во Ново Лисиче изгоре стан на социјално загрозено семејство


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Утрово, во скопската населба Ново Лисиче, изгоре стан на социјално загрозеното семејство Зеќири.

Силниот чад од пожарот го разбуди семејството Зеќири . Пламените јазици за кратко време ги заробија старите и сериозно болни родители на Антонио, кои беспомошно бараа спас и излез од опожарениот стан . И соседните станари во паника и страв бараа излез од зградата.

Неофицијално пожарот е предизвикан од запалена и заборавена цигара, за многу кусо време се раширил низ целиот стан, а биле зафатени и надворешните делови од соседните два стана.

Команданот на скопската противпожарна бригада Владимир Симоновски, информира дека поради густо населениот дел од Скопје и непристапноста на теренот, интервенирано е со 5 пожарни возила и 18 пожарникари, со што е избегната сериозна катастрофа.

Семејството Зекири живее од социјална помош, мајката е неподвижна и е на дијализа , додека 74 годишниот Рамадан е со деменција. Како што велат од семејството, веќе две години бараат негово сместувањео во некој од домовите за стари лица, затоа што состојбата му е многу тешка и веќе неколку пати се губи во непознат правец, апелираат до соодветните институции но и до граѓаните за помош, затоа што пожарот ова утро дополнително ја влошило нивната состојба.

Повредените од пожарот се соодветно згрижени на Клиниката за токсикологија од кадешто информираат дека и двајцата се во стабилна општа состојба.

Увид на местото на настанот изврши и екипа од СВР Скопје, со што се очекуваат а официјалните информации за причините за пожарот.