Home Вебкафе Во новите емотикони луѓето забележаа нешто непристојно

Во новите емотикони луѓето забележаа нешто непристојно

Денешната комуникација е незамислива без емотикони, а доста често се појавуваат нови видови од нив кои ни го „олеснуваат“ секојдневното допишување со блиските личности, но го прави и позабавно.

Сега се појави нова доза емотикони, меѓу кои најмногу внимание привлече оној кој значи штипкање, во кој луѓето препознаа нешто малку непристојно. Имено, освен што навистина изгледа како рака која „кинисала“ да штипне некого, воедно изгледа и како знак кој го правиме кога сакаме да покажеме дека нешто е многу мало.

„Луѓето кои праќаат слики од машки полови органи без некој да им го побара тоа, сега се во паника“, „Враќајте ги назад, дечки, дојде емотикон со кој девојките ќе ве уништат“, „Овој емотикон е баш за да го фрлиш телефонот низ прозорец“, беа само некои од коментарите за новиот емотикон.

Инаку, Emojipedia најави вкупно 230 нови емотикони кои на мобилните телефони би требало да се појават во 2019 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…