Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во Норвешка е пронајден замрзнат и идеално зачуван дрозд стар 4.200 години. Птицата, чија старост е утврдена со јаглеродни тестови, е секцирана за да се утврди дали нејзините внатрешни органи успеале да го издржат тестот на времето.
Истражувачот на Норвешкиот унивиерзитет на наука и технологија од Трондхајм, Јорген Росволд соопшти дека дроздот го открил службеник на Норвешката агенција за контрола на природата на планината Опдал.
Fant 4200 år gammel trost begravd i isen. – Det ser ut som om den døde i fjor https://t.co/eHiLBdRETI pic.twitter.com/gZh57WQxrw
— NRK (@NRKno) August 4, 2017
„Тоа е апсолутно фантастичо откритие. Никогаш до сега не сме ѕирнале во 4.000 години стар организам за да видиме како изгледа внатре“, изјави Росволд.
Истражувачите во почетокот верувале дека птицата не е постара од повеќе од неколку стотина години, за потоа да откријат дека на норвешкото небо оваа птица летала пред неколку милениуми. Тие веруваат и дека птицата ја уловил и убил лакомец или лисица.
Испитувањата откриле дека голем број органи на замрзнатата птица, како на пример срцето и црниот дроб се целосно недопрени, што би овозможило да се направи увид во условите за живот во Норвешка пред илјадници години.