Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Норилск, лоциран на Северниот Поларник, е руски индустриски град во Краснојарскиот крај, источно од реката Енисеј и јужно од Тајмирскиот полуостров. Неговото постојано население изнесува 175.000 жители. Важи за еден од најстудените градови во Русија.
Но, сега таму им „затопли“ и температурата се искачи од -50°C на -10°C. Арно ама, заедно со затоплувањето се зголемија и снежните врнежи кои го погодија Норилск. Нивните ефекти може да се проценат од фотографиите на локалните жители.