Во неколку општини во државава ќе се градат нови градинки


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Првите 4 од вкупно 17 општини во кои ќе се градат нови градинки низ Македонија се Кочани, Неготино, Кавадарци и скопската Кисела Вода.

Градинките ќе се градат со грант од Светската банка. Само за градежните работи на овие објекти ќе се издвојат 220,7 милиони денари (3,58 милиони евра), информираат од Министерството за труд и социјална политика. Вкупниот капацитет на градинките е 552 деца, и се очекува да бидат изградени и опремени до средината на 2021 година, пренесува Мета.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалниците Николчо Илијев, Тони Делков, Филип Темелковски и Тодор Ефремов, овластен претставник на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, денеска ги потпишаа договорите за доделување на неповратните средства за изградба на новите градинки во четирите општини.

Со средствата обезбедени од ова министерство, во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти низ неколку општини. Во периодот од мај 2017 до мај 2019 година е вложено во изградба, реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита низ земјава. Следниот јавен повик за доделување грантови на општините за изградба на нови градинки ќе биде распишан во средината на наредната година.