Научна реалност

Во недела навечер целосно затемнување на Месечината и Супермесечина

Овој викенд ние, земјаните, ќе имаме повторно можност да видиме еден редок природен космички феномен, кога од една страна ќе има целосно затемнување на Месечината, а од друга страна ќе има Супермесечина.

Американскиот астрофизичар Патрик Хартиган изјави дека тоа ќе биде интересно бидејќи ќе се случи и Супер Месечина и целосно затемнување на месечината додавајќи дека затемнувањето ќе трае многу долго, околу еден час.

Затемнувањето ќе почне в недела ноќта или во понеделник рано наутро во зависност од тоа на кој дел од Земјата ќе се набљудува овој феномен.

Феноменот ќе може да се види во северна и Јужна Америка, на Гренланд, Исланд, Ирска, Велика Британија, Норвешка, Шведска, Португалија, но и на брегот на Франција и Шпанија. Другиот дел од Европа ќе има само делумен поглед.

Наредното целосно затемнување на Месечината се предвидува за мај 2021 година.

Advertisements
To Top