Во Неапол осамнаа некролози за „предавникот“ Игуаин!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ден пред гостувањето на Јувентус во Неапол, во градот под Везув полека се вжештува атмосферата. Навивачите на Наполи ќе му приредат „топло“ добредојде на доскорешниот миленик Гонзало Игуаин.

Гонзало Игуаин, минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А, но по нејзиното завршување за рекорден трансфер од 94 милиони евра се пресели во Јувентус, а сега за прв пат ќе се врати на „Сан Паоло“.

Иако поранешниот капитен на Наполи, Паоло Канаваро, ги повика навивачите да го игнорираат Игуаин, односно да му помогнат на тимот да забележи победа, нивното внимание е насочено кон „предавникот“.

Улиците на Неапол денес се излепени со некролози со сликата на Игуаин на кои пишува „Побегна како крадец“.