Во напад извршен од Боко Харам убиени над 50 луѓе


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Над 50 луѓе се убиени во Нигерија, кога припадници на исламистичката организација Боко Харам, нападнале екипа на истражувачи на нафта во североисточниот дел на државата.

Како што за агенцијата АФП изјавиле воени, медицински и хуманитарни извори, нападот се случил во текот на оваа недела.

„Бројот на мртви постојано расте. Сега има повеќе од 50, а тела и понатаму пристигнуваат“, изјавило неименувано лице кое било запознаено со нападот, кој се случил во вторникот во близина на Магумери.