Во МПМ го радикализираат штрајкот: Од денес ќе штрајкуваат по 8 часа дневно


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Oд денес, 13 март, Дневник, Утрински весник и Вест го зголемуваат времетраењето на штрајкот на 8 часа. Ова е одлука на штрајкувачките одбори на трите весника на МПМ.

И по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати јануарската плата до минатиот петок, платата за месец јануари 2017 година не е исплатена и нема никаквов прецизен рок кога тоа ќе се случи, а нема ниту прецизна информација што ќе се случува со компанијата во наредниот период.

Револтот кај вработените е веќе преголем поради влошената економско социјална положба и игнорантскиот однос на менаџментот. По барањето на мнозинството од вработените штрајкувачките одбори донесоа одлука за радикализација на штрајкот.