Во Москва уапсен дописник на Вол Стрит Џурнал: „Го фативме на дело како шпионира“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Официјалната служба и работа на новинарот на американскиот весник Вол Стрит Џурнал нема никаква врска со новинарство, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Одговарајќи на новинарско прашање, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека нема сомнеж дека американскиот новинар бил фатен на дело. Додаде дека на Кремљ му се познати објавите на дописникот на Волстрит џурнал.

„Нормално, ги следиме странските медиуми, го правиме тоа секојдневно, така што ги знаеме неговите текстови“, кажа портпаролот на Кремљ.

На прашањето дали Москва за овој случај ќе соработува со американските разузнавачки агенции, Песков наведе дека со приведувањето на американскиот новинар се бави Федералната служба за безбедност (ФСБ).

„Веќе имаше соопштението на ФСБ, немаме што да додадеме. Единственото нешто што можам да го кажам е дека, колку што знаеме, бил фатен на дело“, истакна Песков.

Претходно Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека дописникот на московската редакција на Волстрит џурнал Еван Гершкович е приведен во Екатеринбург под сомнеж дека се бавел со шпионирање во интерес на американската влада.

Како што наведе ФСБ, Гершкович по задача од САД собирал информации кои претставуваат државна тајна „за работата на едно претпријатие од рускиот воено-индустриски комплекс“.