Во Москва подигнат споменик во чест на Калашников


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Споменикот од Михаил Калашников, конструкторот на борбената пушка АК-47, која го носи неговото име, беше подигнат во Москва. Калашников почина во 2013 година, на 94-годишна возраст, во градот Ижевск, каде што и живееше.

Тој во својот живот има примено најразлични признанија како конструктор на прочиената пушка, веројатно најпопуларното огнено оружје на светот. Се верува дека во светот имам околу 100 милиони примероци од ова оружје, вели Associated Press.

Рускиот министер за култура, Владимир Медински, на откривањето на споменикот изјави дека „калашников“ станал „бренд на руската култура“. Споменикот се наоѓа во центарот на Москва и го прикажува славниот конструктор на познатата пушка како во своите раце држи „калашников“.

Михаил е роден во селско семејство на Сибир, а за нов модел на пушка почнал да размислува откако бил ранет во 1941 година во борбите против нацистите. Конструирањето на пушката го завршил во 1947 година.