Во мизерни услови во Амстердам почина „југословенскиот Џејмс Бонд“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На 69 години во Амстердам почина Слободан Митриќ, познат исто така како Карате Боб, шпионот од доверба  на Јосип Броз Тито, соопштија холандски медиуми, пренесе Blic.

Митриќ пристигнал за првпат во Холандија во 1973 година, кога убил тројца Срби, бил фатен и добил 13 години затвор. И иако официјално било објавено дека станува збор за расчистување на сметки во подземјето, Карате Боб, како го нарекувале поради одличното владеење на боречката вештина, тврдел дека тоа е задача која му е дадена како на таен агент.

2-12-slobodan-mitric1

По истекот на казната тој не  се врати во тогашна Југославија, бидејќи се плашел  дека може да биде убиен, а Холандија му дала статус на политички бегалец. Но не добил државјанство и така ги поминал последните 43 години во беда во Амстердам.

За време на престојот во затвор, тој ги  напишал своите мемоари, кои биле издадени со името Geheim Agent Van Tito, или Тајниот агент на Тито, а имал  испратени уште неколку интригантни материјали за работата на југословенските тајни служби.

Во нив се претставувал како југословенскиот Џејмс Бонд и признал дека убивал во земјите од Источниот блок, Франција, Шведска и Белгија. Бил опишан и како маж, пред кого жените не останувале рамнодушни.

По смртта на неговата партнерка во 2006 година, холандските власти престанале да му даваат каква било социјална помош, живеалиште и здравствено осигурување. Кога министерот за внатрешни работи Герд Лирс решил да го депортира во Србија во 2012 година, Митриќ веќе бил тешко болен.

Последните  денови поминал на таванот на напуштено училиште во источниот дел на Амстердам. Случајно бил откриен жив, но во многу тешка состојба и пренесен во болница, каде починал.