Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Лабораториските испитувања направени во мензата на фабриката „Леар“ покажале зголемено присуство на аеробни и мезофилни бактерии во јогуртот и крем сирењето, присуство на бактеријата стафилококус ауреус во нос кај вработеното лице кое ја делело храната, како и на работната маса за чување на резервна храна, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во соопштението се вели:
„Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна и брисевите од тетовската фабрика Леар, каде на 8 јули ова година 25 работници покажаа лесни знаци на труење со храна. Со извршените анализи не се изолирани патогени бактерии во земените мостри храна ( алва, леб, вакумирана салама пилешки гради, јогурт, крем сирење, вода за пиење).
Детектираното зголемено присуство на аеробни и мезофилни бактерии во јогуртот и крем сирењето, ги прават овие производи потенцијално ризични за употреба, иако аеробните и мезолфилните бактерии не се дел од микробиолошките критериуми за испитување на безбедноста на храната, туку, упатуваат на недоволно добра хигиенска пракса во услови на екстремно високи надворешни температури .
Дадени се препораки за строго спроведување на добра хигиенска пракса кои се однесуваат на делење на храната во пократок временски рок, нејзино адекватно чување и транспорт со запазување на студениот синџир, одржување на личната хигиена и носење на работни одела на вработените кои работат со храна.
Од земените брисеви, утврдено е присуство на бактеријата стафилококусауреус во нос кај вработеното лице кое ја делело храната,иако имал извршен санитарен преглед и уредно заверена санитарна книшка. Ова лице со храната немало директен физички контакт, бидејќи таа делела на работниците спакувана и вакумирана во поединечни пакувања за секој вработен.
За оваа недоследност наложено и извршено е отстранување на ова вработено лице од работното место, се до негово комплетно излекување.
Кај земениот брис од работната маса за чување на резервна храна, со анализите утврдено е присуство на бактеријата стафилокока, за што од страна на инспекциските служби се изречени и спроведени мерки за генерално механичко чистење и дезинфекција на мензата.
Агенцијата за храна и ветеринарство изврши вонредна контрола и кај добавувачот на храна за мензата во фабриката Леар, при што се земени и мостри за лабораториско испитување. Резултатите од овие лабораториски испитувања до Агенцијата сеуште не се пристигнати“, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.