Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На клиниките за кардиохиругија и за урологија во Скопје утрово започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор, објави министерот за здравство Венко Филипче денеска на Фејсбук.
Трансплантацијата на срце, посочи Филипче, се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на четириесетина години кои се на дијализа.
„По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите сме неизмерно благодарни и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 – годишната пациентка, која ја загуби битката за живот и ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани“, напиша Филипче.
Тој информира дека, почнувајќи од мај 2020 година досега, се извршени експлантации од седуммина починати донори, а трансплантирани се пет срца, 12 бубрези, едно коскено ткиво.