Home Актуелно Во Македонија регистриран трет случај на Конго-кримска хеморагична треска

Во Македонија регистриран трет случај на Конго-кримска хеморагична треска

Велешанец на 42-годишна возраст е позитивен на Конго-кримската хеморагична треска, потврди Институтот за јавно здравје. Пациентот во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бо Скопје и е во стабилна општа состојба.

Од ИЈЗ информираат дека пациентот имал покачена температура до 38 степени, главоболка, болка во телото, малаксаност и обилно потење и првично е примен во Општата болница во Велес.

– Во доцните вечерни часови на 12.08.2023, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ РСМ е телефонски известен за позитивен резултат на Конго Кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Тестирањата се направени на Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес, информираат од ИЈЗ.

Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.

– Во контекст на пристапот Едно здравје (One health) контактирана е Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни истражувања на терен. Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ е во комуникација со ЦЈЗ Велес и ја следи состојбата, а доколку има промена, соодветно ќе информира, се наведува во соопштението.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Пролетта ја носи маслачката на трпезата

Пролетта го носи маслачокот на трпезата Многу луѓе мислат дека маслачокот е само обичен пл…