Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Од понеделник во Македонија ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните активности.
Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.
Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски вчера информираше дека вакво тестирање беше направено пред една година и тоа покажа дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни, односно имале некаков имунитет. Тогаш, како што кажа, нивниот имунитет се должеше исклучиво на прележаната болест.
-Тестирањето ќе го почнеме од понеделник и ако не собереме доволен број испитаници ќе го продолжиме и за следната недела. Очекуваме да дознаеме во овој момент, една година после првото истражување, каква е серопреваленцата односно колку од тестираните луѓе имаат некаков имунитет. Точно пред една година кога го правевме испитувањето немаше достапни вакцини и тие триесеттина отсто серопозитивни се должеа исклучиво на прележана болест. Сега има многу повеќе прележани и вакцинирани, така што ќе добиеме некаква насока, рече Петличковски.
Со илјада испитаници од Скопје или две до три илјади од земјава, нагласи, нема да имаме најпрецизни податоци, но, ќе имаме патоказ на каде се движиме, а тоа ни е неопходно за да може да ги планираме следните мерки како Комисија и како држава.
Во последното деноноќие од направени 3.824 тестови беа регистрирани 1.409 нови случаи на КОВИД-19, меѓу кои 206 реинфекции, како и 1.455 оздравени пациенти. Регистрирани беа и 18 починати лица, сите во болнички услови на возраст од 54 до 90 години. Дополнително согласно регистарот од Мој Термин пријавени беа и 10 починати лица во периодот од 31 јануари до 7 февруари, на возраст од 40 до 89 година од кои четири починале во болнички, а шест во домашни услови. Од 28-те починати лица, 17 биле целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.
Најмногу од новозаболените 783 се од Скопје, по што следи Битола со 76, Куманово – 67, Кавадарци – 55, Тетово – 50, Велес – 45, Прилеп и Гостивар – по 42, Струмица и Неготино – по 30, Гевгелија – 24, Охрид – 21, Штип и Кичево – по 19, Кочани – 14, Ресен – 13, Крива Паланка – 12, Валандово – 11, Радовиш – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 6, Свети Николе, Виница и Демир Капија – по 5, Берово и Богданци – по 4, Дебар и Пробиштип – по 2, Кратово, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 1.
Скопје има и најмногу оздравени пациенти – 298, Битола – 129, Кавадарци – 123, Куманово – 112, Тетово – 98, Гостивар – 77, Велес – 76, Прилеп – 72, Струмица – 51, Валандово – 42, Неготино – 40, Штип – 39, Охрид – 37, Гевгелија – 35, Кичево – 34, Радовиш – 28, Ресен и Крива Паланка – по 21, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Струга – 14, Богданци – 13, Дебар – 12, Делчево – 9, Демир Капија и Демир Хисар – по 8, Виница – 7, Дојран и Крушево – по 3, Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.