Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 142 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19.
Станува збор за 100 дарители кои донирале плазма и досега над 120 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи антитела против овој вирус, создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста.
Потсетуваме дека граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на оние кои во моментов се борат со коронавирусот и што претставува врвен чин на хуманост.
Преку подарената конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус. .
Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.
Формулар за донор на COVID-19 ковалесцентна плазма
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство