Во магацин во Бутел запленета над еден тон мариухана


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски вчера вечер, на неговиот Фејсбук профил објави дека полициските служби извршиле успешна акција во која во магацин во Бутел заплениле еден тон и 245 килограми марихуана.Успешна акција.

„Преку Одделот за криминалистичка полиција во рамките на засилените мерки во борбата против недозволената трговија со дрога во координација и насоки со ОЈО Кавадарци во моментов се спроведува акција на подрачјето на град Скопје, при што во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двесте и четириесет килограми (1.240 кг) наркотична дрога марихуана спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи. Лишено е од слобода едно лице против кого ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 1 од Кривичниот законик до ОЈО Кавадарци. Истрагата е во тек со цел утврдување и откривање на други лица инволвирани во случајот на недозволена трговија со марихуана“, напиша Тасевски.

Заменик-министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска, за денес најави подетални информации за акцијата.