Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Десет кумановски градежни работници се повредени, од кои двајца се во критична состојба поради што веднаш биле префрлени во Ургентниот хируршки центар во Скопје. Други двајца се здобиле со тешки повреди, но не се во животно-загрзозувачка состојба, а останатите се стабилни и се задржани во кумановската болница, информираа надлежните од болницата.
Работниците, како што пишува МИА, се повредиле додека извршувале градежни активности претпладнево на локација на улиците „Васко Карангелевски” и „Авној” во Куманово, во населбата „Зелен Рид” додека изведувале градежни активности помеѓу мрежи од арматури.
Директорката на кумановската болница, Снежана Захариева, информирала дека двајцата потешко повредени веднаш по прегледите на кумановскиот ургентен центар, со комплетна медицинска екипа се префрлени во Скопје, а останатите се задржани во кумановската болница каде им се пружа помош.
Случајот го потврдиле и од СВР Куманово и нивни екипи се уште вршат увид на местото на несреќата, како и од обвинителството од каде велат дека локацијата е обезбедена и се прибираат и вештачат траги кои можат да помогнат за утврдување на причините за несреќата.