Во Куманово намерно симнато македонското знаме


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Две непознати лица во петокот попладнето го симнале државното знаме од јарболот во центарот на Куманово. На негово место е поставено албанско знаме на половина копје. Кумановци велат дека се работи за намерна провокација, пренесува „Макфакс“.

Пратеникот од Куманово од редовите на СДСМ Максим Димитриевски реагираше од собраниската говорница и побара да престанат сите јалови дискусии и игри кои потпируваат тензии и омраза. Тој на ФБ напиша:

„Некој самопрогласен “патриот” кој не и мисли добро на Република Македонија се поигрува со чувствата на граѓаните. Апелирам до надлежните веднаш да го расчистат случајот, да го пронајдат сторителот и да го истакнат државното знаме на јарболот во центарот на Куманово“