Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во селото Крушопек, скопска општина Сарај, во магацин за овошје вчера беше откриена и запленета еден килограм контролирана пратка кокаин.
По насока на јавен обвинител приведени се возачите на камионот и сопственикот на магацинот, а се трага и по други лица, потврдија за МИА извори од Министерството за внатрешни работи.
Истите извори посочуваат дека мерките се преземени по насока од јавен обвинител и по наредба од судија на претходна постапка.
Станува збор за меѓународен ланец за троговија со дрога, чија вкупна количина е 1,3 тони кокаин, а во земјава е запленет еден килограм контролирана пратка од оваа дрога. Во операцијата, според извори од МВР, освен македонската се вклучени и италијанската и црногорската полиција.
Според Јавното обвинителство, полициската акција во Крушопек била спроведена во координација со обвинители од Италија од регионот Калабрија.
Повеќе детали за акцијата, меѓу другото и за бројот на приведени лица и запленетото количество и вид на дрога од ОЈО за МИА велат дека ќе соопштат во текот на денешниот ден.