Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По одржувањето на денешната седница на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски најави дека поради зголемениот број на новозаразени со ковид-19, државата ќе менаџира со приватните клиники, исто како и со државните здравствени институции.
Според Пендаровски, тоа не значи национализација, туку државата ќе биде во улога на менаџер и за сите услуги кои приватните здравствени установи ќе ги даваат ќе има компензирање. Државата, како што рече, ќе покрие не повеќе од 30 проценти од пазарната вредност на трошоците за лекувањето во приватните клиники.
„Во кризна состојба има законска можност Владата да управува со ресурсите на државните органи, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, како и Градот Скопје, но и на трговските друштва, во овој случај приватните здравствени установи. Не станува збор за национализација, туку евентуално за нивно управување, но само таму и во обем за кои владата ќе процени дека е потребно.“ – изјави Стево Пендаровски, претседател на РСМ.
Дали ова ќе значи дека пациентите со КОВИД 19 ќе плаќаат исто како и за лекување во јавното здравство? Според сегашната законска регулатива, маскималниот износ што државата може да го покрие на приватните болници изнесува 30% од трошокот. Министерот за здравство вели дека следниве денови на маса ќе се направат анализи и консултации кој и како ќе ги покрие останатите трошоци.
„Денеска за многу кратко време ќе направиме проценка со што ќе се располага, како и план за работа. Со оваа одлука се наметнаа некои дополнителни прашања, навистина сега не би можел да одоговорам, затоа што прв пат се случува ваква ситуација. Дозволете веќе денеска ќе закажеме состаноци со нашите правни тимови ќе ги анализираме сите закони најбитни од се се капацитетите, болничките кревети, лекарите кои што треба да се вкучат во оваа борба – за сите други прашања, кои произлегуваат верувам дека денеска или најкасно до утре ќе имаме одговори.“ – изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Со почетокот на епидемијата, особено по ескалацијата на вториот бран, голем револт во јавноста прездивикаа сознанијата за скапото лекување во приватното здравство. Според сегашната состојба ниту Фондот, ниту приватното здравствено осигурување не ги покрива трошоците за лекување на приватно од КОВИД 19. Ова за ТВ 24 го потврдија и од приватнта болница Жан Митрев, соопштувајќи дека еден болнички ден кај нив чини 36.00 денари.
„Еден болнички ден чини 36 000 денари и во таа цена се вклучени сите оперативни трошоци наменети за интензивно лекување на пациентите. Во моментов луѓето кои доаѓаат кај нас употребуваат сопствени средства. За жал ФЗО, а и приватните здравствени осигурувања не покриваат ставки поврзани со третирање КОВИД-19.“ – велат од Жан Митрев Клиник.
Во изминатиов критичен период беше забележан и тренд на одлив на медицински кадар од јавното во приватното здравство.
Министерот Филипче и денеска повтори дека притисокот врз државните болниците е огромен. Најави зголемување на бројот на болнички кревети во ГОБ „Осми септември“, а се поизвесно станува дека повторно ќе запре редовната работа на системот „Мој термин“, што значи дека повторно ќе се извршуваат само итните интервенции и интервенциите кај пациентите со малигни заболувања.