Во Кривичен и Врховен предмети се делеле телефонски и „на рака“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се исклучувале судии од електронскиот систем само со јавување на претседателот, предмети кои никогаш не добиле судија, се делеле предмети на рака и имало чести промени во распоредот на судии – сето ова било само дел од неправилностите констатирани од работната група од Министертвото за правда која вршеше увид во Кривичен, Апелација и во Врховниот суд.

Министерот за правда не наведе имиња, но според годините, најголемите злоупотреби во Кривичен се случувале во времето на екс претседателите Панчевски, Михајлова и Рибарев.

„Држењето на предметите не се вршело во насока кон судии, тоа не се евидентирало, а од страна на записничарот е избран стручен соработник кој вршел избор на кривичен совет пред кој ќе го реферира предметот. Исклулувањето на судиите од автоматската распределба на предметите се вршело без изготвување на писмена одлука со наредба и без образложена причина. Тоа се правело само со параф на претседателот на судот и со телефонско јавување во судската писарница.“ – изјави Билен Салији, министер за правда.

Во Апелација нема непривилности – АКМИС системот функционирал. Во Врховниот суд, пак претседателот со писмена одлука рачно ги делел предметите кај очекуван судија. Во 2017 година, кога на чело доаѓа Јово Вангеловски, во Врховен биле направени девет измени на распоредот на судии.

„Не се почитувало начелото на специјализација на судии кои постапувале по предмети од граѓанска материја, се прераспоредувале во кривична материја и обратно. Акмис-от се применувал според претходно применета рачна прераспределба на предметите за што постои писмена одлука од претседателот на судот, но таа не е во согласност со одредбите на судскиот деловник. На овој начин, наместо случаен избор на судија, се добива очекуван избор на судија. “ – изјави Салији.

Од Врховен најавија реакција на денешната прес конференција на правда која ќе ја соопштат в понеделник. Извештајот ќе заврши кај надлежните институции, велат од работната група, кои ќе треба да утврдат дали за неправилностите некој кривично ќе одговара.

„Секој предмет мора да биде подложен на автоматска распределба на предмети и доделувањето мора да биде на случаен судија Ако се наруши тоа начело, односно предметот биде доделен на очекуван судија, станува збор за повреда на европската конвенција за човекови права.“ – изјави Лазар Нанев, претседател на работната група на Министерство за правда.

Покрај надлежните институции извештајот ќе го добие и Катица Јанева која случано, во ист ден со работната група влезе во Кривичен во рамки на предистражна постапка за тоа дали Панчевски ја злоупотребил службената положба додека бил претседател. Тој се правдаше дека СЈО води хајка против него.