Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во кривичниот суд за денеска е закажано изрекувањето на пресудата за ексначалникот на УБК, кој е во екстрадициски притвор, Горан Грујевски, и за шесте службенички вработени во Управата за незаконско уништување на документацијата за нелегалното прислушување.
Тие се обвинети за фалсификување службена исправа, како кривично дело од Кривичниот законик, за кое им се заканува казна затвор од три месеци до 5 години. Ова е прва пресуда за предмет на СЈО.
Обвинителката Ленче Ристоска изнесувајќи ги завршните зборови рече дека бара казна затвор за Грујевски и условни казни за службеничките во Управата.
Судењето за овој предмет наречен „Тврдина 2“ траеше точно една година бидејќи СЈО се соочуваше со пречки во водењето на постапката, како отсуството во постапката на Грујевски, декласификацијата на документи од Урпавата, барањето безбедносни сертификати и слично.
Околу 3000 документи биле уништени во црни ќеси за ѓубре во базата на МВР во „Брест“ во близина на селото Петровец.