Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во одделни акции,во регионот на Ѓаковица и Урошевац, косовската полиција запленила над 300 килограми марихуана.
Полицијата соопшти дека во Велика Круша се запленети 134 клограми, додека останатите во две одделени акции во регионот на Урошевац.
Во акцијата уапсени се девет лица,запленети се автомобили,апарати за пакување на дрога и дигитална вага.
Во акцијата запленет е автомобил со регистарски таблички на Република Македонија,како и неколку автомобили со косовски регистарски таблички. Истрагата се проширува во Албанија, од каде е потеклото на дрогата,како и во Македонија од каде постојат основи на сомнение дека има лица вмешани во недозволената трговија со дрогата,која требало да заврши на нарко пазарот во западно европските земји, објави елекронското издание на приштискиот весник Експрес.
Ова е најголема количина на дрога запленета во едноденоќие во Косово,по онаа во декември минатата година кога на граничниот премин Бела земја, беа запленети 240 клограми мархуана,чија крајна дестинација требало да биде Швајцарија.