Home Вебкафе Во Кина пуштен во функција првиот „паметен“ паркинг (снимка)

Во Кина пуштен во функција првиот „паметен“ паркинг (снимка)

Кинескиот град Хангжу пушти во функција целосно автоматизиран систем за паркирање.

Возачите ќе бидат воодушевени од фактот што треба само да го остават својот автомобил во зградата, која е и архитектонско ремек дело.

Зградата го носи името Future Car Park и се наоѓа во деловната област Хангжу, а може да прими 500 автомобили.

Паркингот се состои од низа овални кули. Три кули во центарот на паркингот на иднината се користат за паркирање автомобили, додека другите три ги превезуваат возилата со лифтови.

Возачите влегуваат во зградата, каде што ги оставаат своите автомобили, кои потоа се преместуваат во долните паркинг зони или со лифтови се дистрибуираат до кулите.

Системот за автоматско паркирање го одредува паркинг просторот за секој автомобил врз основа на потребното време за паркирање побарано од сопственикот на автомобилот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Донатела Версаче: Нова ера за модната куќа Версаче по 28 години

“`html Модната куќа Версаче започнува ново поглавје по заминувањето на Донатела Верс…