Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во новиот бран на интернет цензура кој го прави Кина блокирани се и повеќе странски медиуми, како и кориснички профили на социјалните мрежи.
Оваа „чистачка“ кампања е започната во мај и истото е спроведено од администрацијата за кибернетски простор, Министерството за информациски технологии и канцеларијата за јавна безбедност и регулирање на пазарот .
Акцијата, според кинеската новинска агенција Ксинхуа, ќе трае до крајот на годинава. Со кампањата јавно ќе се објават и ќе бидат казнети интернет страниците поради „илегални и криминални активности”, потоа поради неисполнети обврски при почитување на безбедносните мерки или кражба на лични податоци.
Од минатиот месец на интернет во Кина веќе не се достапни медиумите како Вашингтон Пост и Гардијан, додека претходно беше исклучен пристапот до Ројтерс. На барање на властите во понеделникот самиот се згасна кинескиот финансиски медиум Wallstreetcn.com, а без објаснување ја исклучи и мобилната апликација.
Се исклучуваат и профили на социјалните мрежи , каде се објавува политички чувствителна содржина или пак финансиски вести.