Во Кичевско пронајдено тело во распаѓање


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Екипи од Министерството за внатрешни работи вчера попладне започнале увид на местото над селото Бигор Доленци, Кичевско, каде било пронајдено тело во распаѓање.

Како што информираат од Основното јавно обвинителство од Гостивар, починатиот бил пронајден во непристапен терен кој оневозможил транспорт на телото во текот на ноќта. Утринава, со помош на хеликоптер, починатиот бил пренесен во Институтот за судска медицина во Скопје, каде по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција, шренесува „Макфакс“.

Според првичните сознанија, починатиот на возраст од 27 години, бил идентификуван како жител на селото Стрелци, Кичевско. Од страна на наделжните лица издадена е и наредба за вршење на ДНК анализа за потврдување на идентитетот.

По пријава за исчезнување на сега починатиот, повеќе од еден месец надлежните органи и жителите на околните места спроведувале акции за негово пронаоѓање. Основното јавно обвинителство Гостивар информира дека во континуитет презема дејствија во насока на разоткривање на причините за смртта на починатиот.​