Во кавга на нива со нож го прободел сопствениот брат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Расправијата помеѓу двајца браќа од гостиварското село Чегране за малку ќе завршела трагачно, откако едниот извадил нож и го пробил брата си во стомакот. 

Според СВР Тетово, вчера попладне околу 18 часот и 30 минути, во гостиварската болница бил донесен В.А. (57) од Чегране со убодна рана во десната страна од стомакот. Осомничен дека раната со нож му ја нанесол е неговиот 63годишен брат И.А., со кого половина час пред тоа, најпрво вербално се расправале, а потоа и физички се пресметувале на нива во близина, за која воделе судска постапка.

Раправијата започнала откако помладиот од браќата со своето возило стигнал на нивата, каде го забележал постариот брат кој работел на оградата. Кусо се расправале, се степале, а И.А. кој во еден момент бил паднат долу на земјата, извадил нож и го прободел во стомакот, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Роднина, кој бил во близина го пренел В.А. во гостиварската болница и по укажаната лекарска помош, а по барање на најблиските, префрлен на една приватна клиниката во Скопје.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, осомничениот лишен е од слобода, задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување на сите поединости ќе се соочи со соодветен поднесок.