Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонец кој живее и работи во САД во општина Кавадарци започнува инвестицијата од 30 милиони евра евра.
Ќе се изгради модерен повеќенаменски комплекс „Мала Америка“, по највисоките светски стандарди, кој ќе биде единствен во регионот, мол и три станбени згради во новиот центар на Кавадарци, на површина од 65.000 м2, најави на својот фејсбук-профил градоначалникот Митко Јанчев.
„Во целиот комплекс ќе биде вграден најсoфистициран систем за греење и ладење, кој ќе придонесе за заштеда на електрична енергија до 70%. Изградбата со целокупната документација од Општина Кавадарци е веќе започната. Целокупниот проект/комплекс се гради во прва фаза како приоритет и ќе биде завршен и пуштен во употреба до август 2025 година. Кавадарци е европски град! Кавадарци за сите“, напиша Јанчев.