Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најголемите „зависници“ и посветени вљубеници во слаткиот крем Nutella, сега имаат шанса да си направат и своевиден аџилак посветен на овој деликатес во првиот Nutella хотел кој се отвора во Калифорнија.
Жалната вест што ова се однесува само за неколку американци затоа што хотелот ќе работи само еден викенд. Среќниците ќе мораат малку да се потрудат за да ја добијат оваа награда.
Три најголеми фанови и нивните гости ќе уживаат во разните искуства, секако, базирани на Nutella од 10 до 12 јануари.
Сите заинтересирани можат да се пријават на службената страница, но за жал, играта важи само за жители на САД.
Нивната задача е да снимат видео во кој ќе покажат зошто баш Нутела ги прави нивните утра посебни. Со оглед на единствената неверојатна можност да уживаат во Nutella хотелот, со сигурно ќе има многу заинтересирани.
Тројца победници ќе освојат патување до хотелот со уште едно лице и таму ќе поминат три дена и две ноќи. А во хотелот ќе има познати слаткари и готвачи од светот кои ќе се погрижат за добитниците да си поминат незаборавно.
„Nutella хотелот на победниците ќе им пружи посебно искуство на појадување и ќе им овозможи уживање во омилениот намаз на нови и различни начини, велат од маркетинг тимот на најпознатиот намаз на светот.
Натпреварувањето трае до 8 декември.