Вебкафе

Во Калифорнија од 2020 година секој ќе мора ВАКА

Калифорнија е првата сојузна држава во САД во која ќе биде обврзно новоизградените куќи да имаат соларни панели, а законот стапува на сила во 2020 година, како дел од планот на државата да ја намали емисијата на стаклени гасови, пренесува The Verge.

Калифорнија е држава во која градењето веќе е исклучително скапо, а оваа одредба ќе го направи градежништвото уште поскапо. Новите правила ги одобри California Energy Commission и се однесуваат на сите објекти со висина до три спрата.

Нема сомнеж дека тоа ќе помогне Калифорнија да ја намали потребата од енергија на половина, добивајќи електрична енергија од обновливи извори. Засега преку соларни панели во оваа сончева држава се обезбедува само 16 насто од вкупната потрошувачка на електрична енергија. Новите правила го поскапуваат градењето за околу 8.000 до 12.000 долари.

Калифорнија е национален лидер кога станува збор за соларна енергија, поради својата политика и големиот број сончеви денови.

Advertisements
To Top