Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако се договорија со еден германски репрезентативец за наредната сезона, раководството на Јувентус тргнува по уште еден Германец. Повторно бесплатно!
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Јувентус сериозно размислува за доведување на Месут Озил на крајот на сезоната, со оглед на фактот дека Германецот ги игра последните шест месеци во Арсенал и не сака да ја продолжи соработката со „топџиите“.
Јувентус веќе го договори сонародникот на Озил, Емре Чан кој на крајот на сезоната ќе пристигне од Ливерпул без обештетување. Тој е само уште еден во низата на бесплатни засилувања кои „старата дама“ го донесе изминатите години.
Сериозен интерес за Озил покажува и Жозе Мурињо кој сака да го донесе Германецот во Манчестер Јунајтед на местото на Михтарјан кој е на излезна врата.
Јувентус ќе се обиде да го убеди Германецот да се пресели во Серија А, па останува да видиме дали ќе успее.