Во Јувентус пристигнува уште еден Хрват


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Марио Манџукиќ и Марко Пјаца наскоро би можеле да добијат уште еден сонародник во Торино. Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ е заинтересирана за Шиме Врсаљко.

„Тутоспорт“, весник кој е близок до раководството на Јувентус пренесува дека италијанскиот шампион спремил понуда помеѓу 20 и 25 милиони евра за јануарскиот преоден рок.

Јувентус има проблеми со бековските позиции, бидејќи Лихштајнер не е во најдобар форма, а Алекс Сандро е ставен на трансфер листа.

Врсаљко може да игра подеднакво добро како на десната така и на левата бековска позиција, притоа добро ја познава Серија А, каде со успех го носеше дресот на Џенова и Сасуоло.

Интерес за Хрватот покажува и Наполи, кој е спремен да понуди само 15 милиони евра, па поради тоа „старата дама“ е во пол позиција за неговиот потпис.

Врсаљко нема голема минутажа во Атлетико Мадрид каде глано му е резерва на Хуанфран, па и самиот сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок.