Во јули просечната бруто исплатена плата изнесувала 47.950 денари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Согласно податоците со кои располага Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, изнесува 111.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.3 %), Стручни, научни и технички дејности (17.8 %) и Уметност, забава и рекреација (17.2 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.8 %), Рударство и вадење на камен (3.8 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2022 година, изнесува 47 590 денари.