Во ЈП „Македонски шуми“ ќе се вработуваат 325 лица


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нов бран времени вработувања во едно од најгабаритните јавни претпријатија кај нас, „Македонски шуми“.

Јавното претпријатие „Македонски шуми” – Скопје, објави оглас со кој бара да вработи 325 лица на определено време од една година. Според огласот се бараат 216 сечачи и 109 дотурачи на дрва.

Работните задачи за работно место сечач опфаќаат оборување, кроење и изработка на шумски сортименти, a за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти.

Месечната нето плата за работното место сечач изнесува 14.490 денари, за работно место дотурач изнесува 13.050 денари.

Македонски шуми има околу 2.500 вработени.