Во Јапонија за 9 долари можете да најмите човек кој ќе ве слуша како кукате и се жалите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Јапонија постои можност да најмите човек кој ќе ги слуша вашите поплаки и кукање, ќе има разбирање за вас и едноставно ќе ве сослуша да си кажете што ви лежи на душа. Сето тоа ќе ве чини само девет долари.

Таканобу Нишимото е Јапонец кој го започнал овој необичен бизнис и очигледно не се покајал што ја иницирал оваа посредувачка услуга. Овој 50-годишен човек води „онлајн“ сервис наречен Ossan Rental уште од 2012 година, лоциран во неговиот роден град Токио.

Преку овој сервис за само 1.000 јапонски јени, или скоро 9 американски долари, можете еден час да најмите човек кој во период од еден час ќе ве слуша како му се жалите, доверувате, кукате, раскажувате лични проблеми и потешкотии. За оние кои го сакаат и тоа, достапно е и советување.

Таканобу Нишомото

Целта на Нишимото првично била да ги сослушува средовечните луѓе кои во Јапонија често се исмевани поради нивните „пивски“ стомачиња, опаѓањето на косата, нехигиенските навики и друго. Како што вели тој, да ги разбие сите негативни стереотипи. Меѓутоа, неговиот сервис денес го користат луѓе од сите генерации и очигледно сите имаат да се пожалаат некому за нешто.

„Мислев дека најмногу ќе ми се јавуваа мажи, но најбројни, сепак, испаднаа жените на возраст од 20 до 50 години“, открива Нишимото.

Судејќи според корисниците на Ossan Rental сервисот, Јапонците имаат најмногу поплаки и жалби поврзани со кариерата и љубовта, додека други едноставно имаат потреба да се пожалаат на лошата услуга во угостителските објекти, лошиот тренд, концертот кој ги разочарал и друго.

Нишимото верува дека повозрасните луѓе имаат многу повеќе трпение и животно искуство кое можат да го споделат со помладите, поради што најмногу вработува такви луѓе. Неговиот сервис денес во просек го користат по 900 луѓе месечно.