Во Јапонија ги повиваат и возрасните: Методот се вика „отонамаки“ – еве зошто служи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новата метода позната како „отонамаки“ или „повивање на возрасни” стана тренд во Јапонија, а се користи за намалување на вкочанетоста и решавање на проблемите околу држење на телото.

Терапевтскиот третман добива на популарност на истокот на оваа азиска земја. Еден час трае 20 минути, а според наводите на многумина е успешна за лечење. Оваа метода ја развиле гинеколози од Јапонија.

Во оваа метода бебето се повива во платно, а цел е да помогне за неговиот физички развој. Гинекологот кој породува и медицинска сестра Наоми Икеда потенцираaт дека бебињата имаат крути рамења и дека овој метод е неопходен и за возрасните.

Отонамаки во слободен превод значи „повивање на возрасни”. Идејата е телото на човекот во текот на терапијата од 20 минути да се држи во положби кои имитираат положби на фетус во матката.

Многу јапонски компании на своите вработени и клиенти ја нудат терапијата отонамаки која се чини успешна, иако јавноста на почетокот била скептична.