Во Израел откриено кокошкино јајце старо околу 1.000 години


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Археолошки тим во Израел, за време на ископувањата во градот Јавне, откопале недопрено кокошкино јајце старо околу 1.000 години, кое се смета за едно од најстарите во светот, објави Израелскиот институт за антиквитети (ИАА).

„Ова е многу ретко откритие во Израел и во светот. Пронаоѓањето фрагменти од лушпи од јајца е секогаш интересно откритие кога работиме на ископувањата, но тоа е релативно вообичаено, додека наоѓањето на цело јајце е навистина уникатен феномен”, вели д-р Ли Пери од ИАА, пишува Jерусалим пост.

Јајцето е пронајдено во област што датира од византискиот период (од 4-ти до 7-ми век од нашата ера).

„Бидејќи пукна, повеќето од внатрешните содржини протекоа, но дел од жолчката беше зачуван, што ќе ни овозможи да истражуваме понатаму“, рече Гал.

Таа рече дека заедно со колегите археолози откриле септичка јама од исламскиот период како дел од локалитетот, и не биле малку изненадени кога таму забележале необичен предмет.

„Одличното зачувување на јајцето веројатно се должи на условите во кои лежело со векови, заштитено во септичка јама со мек човечки отпад. Всушност, тоа го зачувало толку добро”, изјави археологот АЛ Нагорски од IAA.

„Дури и денес, јајцата ретко преживуваат долго во картонска амбалажа во супермаркетите. Неверојатно е да се помисли дека е откритие старо 1.000 години”, додава тој.

„Кокошките беа припитомени релативно неодамна во Југоисточна Азија, пред околу 6.000 години, но им требаше долго време да станат дел од исхраната на човекот. Тие беа користени за други цели, како што се борби со петли. Бидејќи се сметаа за привлечни животни, ги изложувале во древните зоолошки градини и им ги даваа на кралевите “, рече Гал.

Јајцето пронајдено во градот Јавн се распукало и се скршило откако било отстрането од местото каде што е откриено, но наскоро било вратено во првобитната состојба во лабораторијата.

Уникатното јајце е откриено од археолозите како дел од проектот за изградба на нов градски кварт и, во согласност со израелскиот закон, локалитетите треба да бидат заштитени пред да започнат какви било градежни работи.