Во изминатите 6 месеци во САД фрлени најмалку 15 милиони пропаднати дози од вакцини против Ковид-19


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според информациите добиени од американските здравствени власти на кои се повикува, ВВС пренесува дека најмалку 15 милиони дози вакцини против Ковид-19 вакцини се фрлени во САД од 1 март бидејќи станале неупотребливи.

Тој број пропадната дози е пријавен од американските држави или аптеки каде што се даваат вакцините од Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), највисоката федерална агенција за јавно здравје во земјата. Тој број веројатно е потценет бидејќи неколку држави или федерални агенции не доставиле податоци.

Причините за фрлање дози се различни – или поминат рок, грешка во разредување, проблеми со ладењето, испукани шишиња. Покрај тоа, едно шишенце има повеќе дози, па кога ќе се отвори, другите дози мора да се користат во следните неколку часа, и затоа понекогаш се фрлаат ако не се најде лице кое ќе прими вакцина. Двата национални синџири за аптеки Walgreens и CVS објавија по два милиона пропаднати дози, а Wallmart и Rite Aid објавија по повеќе од еден милион.