Во Италија тврдат: Сагата Модриќ-Интер актуелна и во јануари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трансферната сага помеѓу Интер, Лука Модриќ и Реал Мадрид се уште не е завршена, тврдат италијанските медиуми.

На Апенините тврдат дека Модриќ има силна желба да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во редовите на Интер.

„Спортмедиасет“ пренесува дека спортскиот директор на „нероаѕурите“ Пјеро Аусилио подготвува понуда, која ќе му биде презентирана на Реал Мадрид во јануари.

Во текот на летниот преоден рок Модриќ презивика вистинска „војна“ на релација Реал Мадрид – Интер, која што заврши со обвинение до УЕФА.

Сепак, иако Хрватот остана во Мадрид не се откажал од намерата да се пресели во Интер кај своите сонародници, па „нероаѕурите“ сигурно ќе се обидат да го донесат во зимскиот преоден рок.