Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Погребот на Памела Мастропјетро, девојката која беше грозоморно убиена за што беа осомничени емигранти, со што длабоко се разниша италијанската изборна кампања, се одржа во саботата во Рим, неколку дена пред почетокот на судењето на мажот кој пукаше во Африканци во знак на одмазда.
Стотици роднини и пријатели присуствуваа на испраќањето на Памела Мастропјетро, убиена на возраст од 18 години, набрзо по излегувањето од центар за одвикнување од зависности.
Тројца Нигеријци, меѓу кои барем еден наркодилер кој е осомничен и дека ја силувал, се во притвор под сомнеж дека ја убиле девојката на 30 јануари и потоа го распарчиле нејзиното тело и го оставиле во два куфери покрај патот.
Меѓу бројните венци на погребот, на лентата на еден пишувало „Траини Лука“. Поддржувачот на крајната десница не ја познавал жртвата, но сакал да ја одмазди па на 4 март во центарот на Мачерата и пукал во Африканци, повредувајќи најмалку шест лица.
Неговото судење почнува во среда. Морничавото убиство и расистичката одмазда еден месец пред парламентарните избори ја потресоа Италија и предупредија на длабоките тензии околу емигрантите во таа земја, на чии брегови во последните години пристигнаа неколку стотици илјади луѓе.
Во Мачерата десничарски активисти во петокот ја преименуваа улицата во која беше убиена девојката во „Улица на Памела Мастропјетро, жртва на нигериската мафија“.
Извор: Мкд.мк