Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Девојките и жените во Иран буквално се на фронтот на протестите против исламската република по смртта на една млада девојка која беше однесена во притвор од моралната/верска полиција, затоа што не носела хиџаб на глава. Се горат хиџаби, ама и се гине по улиците.
Активисти пријавуваат загинати демонстранти а и полицијата пријавува жртви во своите редови во ескалацијата на протестите предизвикани од смртта на 22 годишната Махса Амини. БиБиСи јавува за шестмина загинати.
These women in #Iran’s northern city of Sari are dancing and burning their headscarves… anti-regime protests have now spread to dozens of cities from north to south, east to west… all triggered by the death of #MahsaAmini while in the custody of Iran’s morality police. pic.twitter.com/BBDvgC5L1w
— Rana Rahimpour (@ranarahimpour) September 20, 2022
Младата Амини почина после тридневна кома во болница, во која била донесена од притвор кадешто се наоѓала откако верската полиција ја уапсила затоа што шетајќи се со својот брат во градот Сакез, не била прописно облечена.
Unprecedented scenes in Iran: woman sits on top of utility box and cuts her hair in main square in Kerman to protest death of Mahsa Amini after her arrest by the morality police. People clap their hands and chant “Death to the dictator.” #مهسا_امینی pic.twitter.com/2oyuKV80Ac
— Golnaz Esfandiari (@GEsfandiari) September 20, 2022
Полицијата тврди дека имала ненадеен срцев удар, верзија во која никој не верува бидејќи девојката била здрава/права; јавноста е убедена дека нејзината смрт е последица од претепување и малтретирање во притворот.
Вискиот комесар на ОН за човекови права, Нада ал-Нашиф, апелираше иранските власти еднаш засекогаш да престанат со малтретирање и апсење жени само затоа што не носат хиџаб или прекршуваат нешто друго од ригидниот кодекс за облекување во јавност.
Пазете овој полицаец како се занесе во службата, па остана без кој да му чува грб. Јако го јадеше кога занесувањето му се удри од глава.