Во идеалниот тим на Примера Модриќ не е ни резерва!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Официјалниот спонзор на шпанската Ла Лига, „ЕА Спорт“, го избра тимот кој ја одбележа сезоната 206/2017. Изненадување е што на списокот од 23 фудбалери го нема играчот на Реал, Лука Модриќ, а меѓу резервите е неговиот соиграч Марсело.

„ЕА Спорт“ ги избирал фудбалерите кои влегоа во тимот на сезоната според статистичките параметри.

Нападот го предводат Кристиано Роналдо, Лео Меси и Луис Суарез, во средниот ред се Тони Крос, Бруно Соријано и Јаник Караско, во одбраната Дани Карвахал, Џерард Пике, Серхио Рамос и Фелипе Луис, а голман е Јан Облак.

Најдобрите 11 (4-3-3): Јан Облај – Дани Карвахал, Џерард Пике, Серхио Рамос и Фелипе Луис – Тони Крос, Бруно Соријано, Јаник Караско – Кристијано Роналдо, Лео Меси и Луис Суарез.
Резерви: Тер Штеген, Марсело, Диего Годин, Каземиро, Нејмар, Јаго Аспас, Антоан Гризман, Стивен Н’Зонзи, Ману Тригерос, Педро Леон, Иско, Кевин Принс Боатенг.