Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред неколку дена во Хрватска беше уапсен еден од главните луѓе на Земунскиот клан, Филип Корач, десната рака на Лука Бојовиќ, пренесуваат српските медиуми.
Истражните дејствија се покренати бидејќи Корач поседувал хрватски пасош, а притворот бил одреден во тајност во негово отсуство. Хрватска по него распиша меѓународна и европска потерница. Корач од вторникот се наоѓа во Реметинец, каде што и се предал на полицијата во придружба на адвокат, а се гони за фалсификување пасош.
Корач се поврзува со судирите меѓу два клана – Шкаљар и Кавчан, во којшто загинаа десетици луѓе ширум светот.
Иако случајот се одвивал во тајност, Корач дознал за тоа и во придружба на својот адвокат Гордан Преглеј дошол пред Реметинец, по што бил приведен.
Србија покрена постапка против Корач за поттикнување убиство, но таа е суспендирана поради недостиг на докази. Последен пат за овој човек во јавноста зборуваше Вељко Беливук кој рече декад Корач е соработник на Безбедносно-информативната агенција и Интерпол, но и на Јован Вукотиќ од Котор, кој според оперативните информации на црногорската полиција се смета за наводен водач на „Шкаљарскиот клан“.
Неговото име со години се поврзува со името на Лука Бојовиќ, кој моментално издржува затворска казна во Шпанија. Српските медиуми објавија дека Корач е „десната рака“ на Бојовиќ, како и дека тој ги води сите негови работи и во Србија и во Црна Гора.