Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денес е последниот ден кога Лино Червар треба да му одговори на челникот на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС), Зоран Гопац, дали ја прифаќа понудата по седум години повторно да биде селектор на националниот тим на оваа земја.
Червар последен пат како селектор ја водеше Хрватска во финалето на ЕП во Австрија. Хрватите го загубија тоа финале од Франција, но седум години подоцна тоа останува последното финале во кое играла Хрватска.
Весникот „Вечернји“, на својата интернет страница, повикувајќи се на свои извори во ХРС, во средата објави дека Червар нема проблем да ја напушти клупата на македонската репрезентација, туку размислува што да прави со Металург, клуб во кој дојде во 2010 година и со кој постигна неверојатни резултати.
Истиот извор тврди дека за ХРС е можно да договори соработка со Червар само доколку тој работи само со хрватскиот национален тим, со напомена дека финасиските детали во договорот нема да бидат проблем.
„Индекс.хр“ пак тврди дека договор е постигнат и дека наскоро ќе биде официјализирано враќањето на Червар во Хрватска, притоа дава изјава која стратегот ја дал за овој медиум денес.
„Морате да ме разберете. Мене ми е најтешко, навистина сум помеѓу два огна. Не сакам себе да се туркам во прв план и да давам спектакуларни изјави. Тоа не е мојот стил и не е коректно. Во Македонија поминав седум години, тоа е мојата втора татковина и навистина не ми е лесно. Особено во овоие моменти додека во Македонија е тешка политичката ситуација. Но се знае од каде сум и кој сум јас“, изјави Червар за „Индекс“.