Home Актуелно Во Хрватска напуштањето на животно ќе биде кривично дело со затворска казна до една година

Во Хрватска напуштањето на животно ќе биде кривично дело со затворска казна до една година

Со новиот пакет законски измени на Кривичниот законик во Хрватска напуштање на животнонаскоро би требало да стане кривично дело со затворска казна до една година, пишува Јутарњи лист.

Тоа ќе биде дел од новиот пакет измени на Кривичниот законик, кој веќе една година го разгледува работна група на хрватското Министерство за правда и администрација, а кој досега остануваше во втор план, па во јавноста воопшто не се дискутираше за него.

Од документите на работната група која работи на новиот закон, јасно е дека Министерството одлучило во овој пакет измени да работи на зајакнување на заштитата на животните, па така и на напуштањето на животните се третира како кривично дело.

Во Хрватска за првпат напуштањето на животно се третира како кривично дело за кое може да се изрече затворска казна. Во моментов тоа е составен дел на Законот за заштита на животните, за кој е предвидена парична казна во износ до 4.000 евра.

Покрај новото кривично дело, Министерството за правда и администрација планира да направи дополнителен чекор во зајакнувањето на казнено-правната заштита на животните, па предлагаат и зголемување на затворските казни за убивање или мачење животни.

Предлогот е тој што ќе убие животно без оправдана причина или тешко го малтретира, ќе му предизвика непотребна болка или ќе го изложи на непотребно страдање, да се казни со затвор до две години (во моментов казната е до една година) и доколку кривичното дело е сторено од користољубие, се предлага затворска казна до три години, наместо досегашните две години, пишува Јутарњи лист.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…