Во HRT очигледно некој не знае кој е Роналдо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Или HRT е во хаос, или тој што им одржува социјални мрежи не научил во животот дека освен Кристиано Роналдо и Роналдо не е една иста личност.

Веста дека фудбалската ѕвезда и (веројатно сè уште) најпознатиот фудбалер на денешницата, го отвора својот шести хотел во Париз под брендот CR7, наместо со фотографија од Кристиано, на социјалните мрежи ја проследија со фотка од некогашниот бразилски и светски фудбалски ас Роналдо.

Веста ја споделија на Твитер, па луѓето повеќе од еден час се обидуваа да им укажат на тоа да ја сменат погрешната фотографија. Откако целата ситуација и објава стана вирален хит, од HRT се сетија да ја поправат грешката и да ја сменат фотографијата со вистинскиот фудбалер за кој станува збор во веста.

Инаку, веста ја пренесува информацијата дека португалскиот фудбалер на левиот брег од Сена, во близина на париската железничка станица Аустерлиц, ќе го отвори својот шести хотел. Инвестицијата наводно е „тешка“ 60 милиони долари.